19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Специјал на Sport Life: Сити нема избор, мора да победи во дербито на Манчестер (Фото)

Очите на фудбалскиот свет попладнево ќе бидат вперени кон „Етихад“ стадионот во Манчестер, каде со почеток во 16:30 часот ќе се одигра градското дерби помеѓу Сити и Јунајтед. Иако „граѓаните“ доминираат во последните години и редовно го победуваат ривалот, традицијата и историјата е на страната на Јунајтед, кој има победено на 78 натпревари од досегашните 191 меѓусебен дуел на овие екипи. Манчестер сити на победата се радувал 60 пати, а 53 натпревари завршиле нерешено. Гол-разликата е за малку на страната на Јунајтед, кој има постигнато 272 гола, наспроти 269-те на Сити.

Но, во сегашноста, Манчестер сити е апсолутен фаворит и пред императив да победи и да остане во трката за титулата со Ливерпул. Тоа го кажуваат и квотите во Sport Life, каде Сити е голем фаворит со квота од 1.31, додека изненадувањето на Јунајтед има неверојатна квота од 8.75.

Најдобриот напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, до сега има одиграно четири натпревари против градскиот ривал на кој постигна пет гола, а квотата во Sport Life е одлична, дури 3.20, дека токму норвежанецот ќе го постигна првиот погодок попладнево на „Етихад“.

Во специјалната понуда на Sport Life за дербито на Манчестер освен основните игри и стрелците, може да си го пробате знаењето и на корнери, картони, офсајди, фаули и уште многу игри.

- Оглас -

Најнови вести