Денеска во Премиер лигата се игра градското дерби меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Манчестер јунајтед е домаќин, но фаворитската улога ја имаат Граѓаните, а квотата за триумф над Граѓаните изнесува 1.72.
Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот.
И во овие игри, главниот збор го имаат Граѓаните. Квотата за најдобриот стрелец од минатата сезона, да го постигне првиот гол е 3.50, да даде гол во текот на натпреварот е 1.80.
Голови се очекуваат и од Хулијан Алварес, за кого квотата да го постигне првиот гол на натпреварот е 6.50, а да се запише во листата на стрелци е 2.70. Според квотите, голови се очекуваат и од Фил Фоден, Џек Грилиш, Жереми Доку…
Главен адут на Црвените ѓаволи е летното засилување, Расмус Хојлунд. Квотата за напаѓачот на Јунајтед да го постигне првиот гол е одлична и изнесува 9.00, а да постигне гол во текот на натпреварот е 3.75. Опасност за голманот на Граѓаните, Едерсон, ќе претставуваат и Букајо Маркус Рашфорд, Антони Марсијал, Бруно Фернандеш…
Во богата понуда на игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал.
Исто така може да се игра на кој начин ќе биде постигнат првиот гол, како и што ќе се случи прво на „Олд трафорд“.