26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Специјал на Sport Life за Интер – Атлетико: Лаутаро го реши последниот меѓусебен дуел, а одлични се квотите и вечерва да ја затресе мрежата на Облак (Фото)

Двомечот меѓу Интер и Атлетико Мадрид го носи епитетот на дерби во осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите и за првиот дуел кој ќе се игра вечерва, Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Двата тима играат одлично сезонава, Интер е лидер во Серија А, додека Атлетико Мадрид е четврти во Ла Лига.

Овој двомеч ќе биде емотивен за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, бидејќи две години помина во Интер како играч.

Интер се наоѓа во серија од осум победи по ред, а на последните десет меча има девет триумфи и едно реми, додека Атлетико во саботата ја прекина мини серијата од два порази во низа. Квотите за вечерашниот дуел се на страната на Нераѕурите (1.82), но повеќе од извесно е дека одлуката за патникот во четвртфиналето ќе падне во реваншот на „Метрополитано“.

Интересно е што овие два тима досега играле двапати меѓу себе и славеле „гостите“. Во европскиот Супер куп во 2010 година, кој се играше во Монте Карло, Атлетико Мадрид победи со 2:1, додека во 2018 година на пријателски натпревар на „Метрополитано“ славеше Интер со 1:0, и тоа со голот на Лаутаро Мартинес.

Интер игра во неверојатна форма и очекувано во специјалот на Sport Life фаворити кај стрелците се токму напаѓачите на Нераѕурите.

Лаутаро Мартинес игра одлично сезонава и ги има најмалите квоти за голови. Квотата да го постигне првиот гол на мечот изнесува 5.00, додека таа за да постигне гол во текот на мечот е 2.40.

 

Засилувањето од минатото лето, Маркус Тирам, исто така се очекува да претставува голема опасност за Јан Облак и квотите за него изнесуваат 5.50 да го отвори резултатот, а 2.70 да се запише во листата на стрелци.

Кај Атлетико Мадрид главна опасност за Интер ќе биде Антоан Гриезман, за кого квотите се 9.50 да го даде првиот гол на мечот и 4.20 да постигне гол во текот на мечот.

Доколку сакате подлабоко да навлезете во статистиките, тогаш ве чекаат игри од типот број на удари кон гол на двата тима заедно и за секој тим одделно, во кој период ќе падне првиот гол, дали ќе има пенал и црвен картон и за кого, начин на прв гол, дали прво ќе се случи да има гол, корнер, аут, фаул или офсајд и уште многу игри.

- Оглас -

Најнови вести