Вечерва во Серија А се игра големото фудбалско дерби меѓу Јувентус и Наполи и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со доста различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Јувентус кој е домаќин ја има фаворитската улога и квотата за победа на Старата дама изнесува 2.50, додека таа за триумф на Наполи е 3.00. Јувентус со 33 бода е втор на табелата со два бода помалку од Интер, додека додека Наполи кој минатото коло загуби од Нераѕурите (0:3), е петти со 24 освоени бодови.
Интересно е што Јувентус и Наполи овој век не одиграле ниту еден натпревар без голови во Серија А.
Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот и тука одлични се квотите за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Квотата за Елмас да го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 12.00, додека таа за да се запише во листата на стрелци е 5.50.
Најмали се квотите за главните напаѓачи на двете екипи, Виктор Осимен и Душан Влаховиќ.
Квотата за Осимен да го постигне првиот гол е 5.50, а да даде гол во текот на натпреварот е 2.60. додека таа за Јувентус да го отвори резултатот и Влаховиќ да биде стрелецот е 6.00, додека да даде гол во текот на мечот е 2.80.
Во богата понуда на игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал и кој тим прв ќе направи замена.
Исто така може да се игра на кој начин ќе биде постигнат првиот гол, како и што ќе се случи прво на „Алијанц арена“ во Торино.
Понудата е одлична, ваше е само да се одлучите што да одиграте и да се надевате дека сте имале добро претчувство.