Специјал за мерак на Sport LIfe – Влаховиќ првпат игра на „Дербито на Италија“ и веднаш е топ-фаворит за прв гол (Фото)

Јувентус и Интер ќе играат меч за продолжување на трката за Скудетото во Италија и поразениот тим, или можеби и двата со реми веријатно ќе испаднат од трката за титулата во Серија А.

Sport Life стандардно за вакви дерби натпревари подготви богат Специјал во кој има игри за сечиј вкус.

Душан Влаховиќ, големото засилување на Јувентус за првпат игра на најголемото дерби во Италија и веднаш е и прв фаворитот за прв гол на мечот.

За него понудата на Sport Life во „Специјалниот сингл“ е со коефициент 6, тој да го постигне првиот гол на натпреварот што ќе се игра во Торино, вечерва од 20.45 часот.

Му парира Лаутаро Мартинес кај Интер, како топ-фаворит на гостите за прв стрелец на мечот со квота 6.50, а во понудата на Sport Life има уште 12 играчи од двата тима.

Можете да се обложувате дури и дека првиот погодок ќе биде автогол, има и игри на голови, корнери, картони, пенали, исклучувања, време на прв гол и уште многу други игри

Само во „Специјалниот сингл“ за Дербито на Италија Sport Life има понуда од над 40 различни игри што можете да ги најдете во билтенот и на официјалната интернет страница на обложувалницата.

Јувентус и Интер ќе го играат вечерва 244-от меѓусебен меч во сите натпреварувања, а ривалството кое трае долго честопати ги креваше тензиите во Италија на највисоко ниво, па дури кавги имаше и во Парламентот.

Само во Серија А двата регионални ривали имаат одиграно 177 натпревари, па вечерва во Торино од 20.45 часот на ред е мечот број 178.

Јувентус има многу повеќе успех во популарното Дерби на Италија и вкупно има 110 победи, со 60 нерешени дуели и 73 порази.

Новинарскиот блесок на Џани Брера во 1967 година доведе до епитетот Дерби на Италија за дуелите меѓу Јувентус и Интер. Секогаш било жестоко меѓу ривалите од Северна Италија, а особено тензично стана со аферата Калчополи, кога на Јувентус му беа одземени титули и клубот беше преселен во понизок ранг, а Интер ќари два пехари на сметка на Старата дама.

Првиот инцидент се случи веднаш по војната во 1946 година, а од Интер протестираа поради преголемото влијание на семејството Ањели во фудбалската федерација на Италија. И тимот на терен истрча со јуниори, а Јувентус им ја наполни мрежата и победи со 9:1.

Тогаш Омар Сивори постигна шест голови против надежите на „нероаѕурите“ и истата година ја освои Златната топка или популарниот „Ballon d`Or“.

Недоразбирањата меѓу двата клуба беа чести, а повторно беше жешко во 1998 година, кога за еден недосуден пенал за Интер, расправијата меѓу симпатизерите на Јувентус и на Интер се пресели во Парламентот.

„Сите се тие крадци“ урлаше Доменико Грамацио од Националната алијанса на Италија кон колегата од Демократската партија Масимо Мауро.

Мауро е поранешен фудбалер на Јувентус и возврати кон Грамацио дека „Секогаш ќе бидат мал клуб во однос на Јувентус“, по што настана хаос, а имаше и казни за пратениците во Парламентот.

По познатото „Калчополи“ пред повеќе од десеттина години тензиите малку стивнаа, иако имаше нови недоразбирања, но тоа е секогаш така кога играат големите ривали во Дербито на Италија.

И вечерва ќе биде жешко во Торино, во значаен меч што може да ја одреди и судбината на шампионатот во битката за ново Скудето.

Јувентус е најтрофеен клуб во Италија со 36 титули, а актуелниот првак Интер има 19 веднаш зад него. Милан е третиот тим во трилингот гиганти со двоцифрен број на Скудета, а ги има 18.

 

 

- Оглас -

Најнови вести