Денеска во Серија А се игра големото фудбалско дерби меѓу Наполи и Интер и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со доста различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Наполи кој е актуелен шампион е домаќин, но фаворитската улога ја има Интер, а квотата за триумф над Борусија изнесува 2.52. Интер со 32 бода е втор на табелата и има само еден бод помалку од Јувентус, но во колото влезе како лидер, додека Наполи е четвртопласиран со 24 освоени бодови.
Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот и тука одлични се квотите за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Со смената на Руди Гарсија и доаѓањето на Валтер Мацари на клупата на Наполи, се очекува Дијамантот да има сè поголемо влијание врз играта на шампионот.
Квотата за Елмас да го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 11.00, додека таа за да се запише во листата на стрелци е 4.50.
Најмали се квотите за главните напаѓачи на двете екипи, Виктор Осимен и Лаутаро Мартинес.
Квотата за Осимен да го постигне првиот гол е 5.00, а да даде гол во текот на натпреварот е 2.30. додека таа за Интер да поведе и Мартинес да биде стрелецот е 6.00, додека да даде гол во текот на мечот е 2.50.
Во богата понуда на игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал и кој тим прв ќе направи замена.
Исто така може да се игра на кој начин ќе биде постигнат првиот гол, како и што ќе се случи прво на стадионот „Диего Марадона“.