Денешниот квартет натпревари на Светското првенство во Катар стартува во 11 часот со дуел на Мароко и Хрватска, а Специјалниот сингл на Sport Life нуди многу можности за типување и потенцијално одлични добивки ако се покажете како добар прогнозер.
Фаворит за победа е Хрватска, но и квотата за победа на Коцкестите е одлична, како и квотите за полувреме-крај, исходот од првото полувреме или бројот на голови.
Во Специјалниот сингл, тука се игрите да погодите стрелец, прв стрелец и уште подобро, комбинација од победник со стрелец.
Според квотите, се очекува Хрватска прва да даде гол, а стрелец да биде Крамариќ, Петковиќ, Будимир, па Ливаја, Перишиќ и Пашалиќ. За капитенот Лука Модриќ, квотата е 5.50, а дека ќе биде прв стрелец, квотата е 11.
Од Мароканците, гол се очекува од Ел Несири, Чедира или Зијех.
Имате можности да погодите во кој период од мечот ќе падне прв гол, каков ќе биде исходот во 15-тата, 30-тата или 60-тата минута.
Фини квоти има и ако погодите која селекција ќе има почетен удар, која прва ќе изведе аут или корнер, прв картон, прва измена, дали ќе има пенал и за кого, комбинација од досуден пенал со црвен картон за другата селекција, удари на гол, број на корнери, начин на постигнување на првиот гол, итн.