Денеска започнува последното коло во групната фаза на Светското првенство и од 16 часот ќе се играат двата натпревари од групата А, Холандија – Катар и Еквадор – Сенегал.
Енер Валенсија, кој со три гола досега, заедно со Килијан Мбапе се најдобри стрелци на Мундијалот, очекувано е прв фаворит да биде прв стрелец на мечот меѓу Еквадор и Сенегал и квотата во Специјалот на Sport Life изнесува 5.00 за да го отвори резултатот.
Тоа е само една од опциите што се во богатата понуда на Sport Life за овој натпревар. Во понудата со стрелци има 15-мина фудбалери од двете репрезентации, а можете да играте на стрелец во текот на мечот, што значи дека имате добивка ако вашиот избор погоди кога било.
Стандардни се и останатите игри, а ги има многу во Специјалниот сингл на Sport Life.
И денеска можете да се обложувате на корнери, картони, пенали, офсајди, кој ќе тргне прв од центар, начин на првиот гол, директни удари кон голот, во кој интервал ќе падне првиот погодок, кој прв ќе направи замена и уште многу други игри кои веќе ви се познати од стартот на Мундијалот со Специјалите на Sport Life.
Од 16 часот се игра и вториот меч меѓу Холандија и Катар во кој Лалињата се апсолутни фаворити против организаторот на Мундијалот. Тука Мемфис Депај е фаворит да биде прв стрелец и квотата за оваа игра во Специјалот на Sport Life изнесува 3.85.
На овој натпревар не е лошо да размислите и за играта повеќекратен стрелец, тука квотата е 1.70, како и да има автогол во очекување на тотална офанзива на Лалињата. Квотата дека ќе има автогол изнесува 6.00.
И на овој натпревар со Специјалниот сингл може да се одигра и во кој период од натпреварот ќе биде постигнат првиот гол, каков ќе биде резултатот во 15-тата, 30-тата или 60-тата минута.
Примамливи се квотите и да одиграте која репрезентација ќе има почетен удар, која прва ќе изведе аут или корнер, прв картон, прва измена, дали ќе има црвен картон.
Во Специјалниот сингл има многу можности за обложување, ваше е само да направте добра проценка и да предвидите што ќе се случи, без разлика дали тоа ќе биде во првата или во последната минута или некаде во средината на мечот.