19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Специјален сингл на Sport Life: Откако Мбапе е во репрезентацијата, секогаш кога Франција постигнува голови, и тој е меѓу стрелците (Фото)

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за дерби-пресметката во квалификациите за пласман на ЕП 2024 меѓу Холандија и Франција.

Французите се лидери во групата Б со пет победи во пет меча, додека Холандија има девет освоени бодови од четири натпревари. Првиот дуел во квалификациите заврши со убедлив триумф од 4:0 за Триколорите.

Квотите се на страната на Франција, која со победа сигурно ќе го завери пласманот на ЕП, а во игра е и реми доколку Грција не освои бодови против Ирска.
Квотата за триумф на Триколорите изнесува 2.37, додека таа за Холандија е 3.05.

Главен адут на Франција е Килијан Мбапе, кој обожува да игра против Лалињата. Откако Мбапе е во репрезентацијата, секогаш кога Франција ќе постигне гол, во листата на стрелци стои и неговото име. Мбапе првпат играше против Холандија во 2017 година, во квалификациите за СП 2018 и во победата на неговата репрезентација од 4:0 го постигна последниот гол.

Следната година во Лигата на нациите Франција победи со 2:1, а Мбапе го отвори резултатот. Последниот меѓусебен меч заврши со победа на Франција од 4:0, а Мбапе двапати ја тресеше мрежата на Лалињата.

Очекувано, квотите се најмали за Мбапе да го постигне првиот гол на „Кројф арената“ во Амстердам, како и да се запише во листата на стрелци.

Квотата Халанд да го постигне првиот гол на средбата изнесува 5.00, а 2.30 е за да се запише во листата на стрелци. Тука се и Оливие Жиру, кој игра одлично во дресот на Милан, за кого квотите се 7.00 и 3.00, како и Антоан Гриезман со квоти од 7.50 и 3.20. Голови може да се очекуваат и од Маркус Тирам (8.50 и 3.50), како и од Рандал Коло Муани (8.50 и 3.50).

Главен адут на Холандија е Вут Вегхорст, за кого квотата да го постигне првиот гол изнесува 9.00, а 3.75 за да постигне гол во текот на натпреварот.

Во Специјалот има разни игри што не се секојдневни, а можете да одиграте кој прв ќе изведе корнер, кој последен, кој прв ќе направи измена, ќе добие жолт или црвен картон и пенал.
Тука се и игрите за интервалот во кој ќе биде постигнат првиот гол, колку корнери ќе бидат изведени од двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести