Дербито на 20-то коло во Серија А ќе се игра на „Сан Сиро“ каде што Милан ќе ја пречека Рома и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Милан славеше на последните два меча во Серија А против Емполи и Сасуоло и ќе ја има фаворитската улога против Рома две кола е без победа. И традицијата е на страната на Милан, Росонерите на последните пет меча на домашен терен немаат пораз против Римската волчица. Квотата за триумф на Милан изнесува 2.12, а таа за победа на Рома е 3.80.
Традицијата нуди уште еден интересен податок, дека головите се задолжителни на дуелите меѓу Милан и Рома, последните седум меѓусебни меча завршиле „гол-гол“, а на последните 14 дуели биле постигнати најмалку два гола.
Токму поради овој податок, одлични се квотите за стрелците. Оливие Жиру е главен адут на Росонерите и квота од 5.50 изнесува да го отвори резултатот, а 2.70 е да се запише во листата на стрелците. Голови може да се очекуваат и од Рафаел Леао за кого квотите се 7.50 и 3.50 како и од препородениот Лука Јовиќ (7.50 да го даде првиот гол и 4.00 да постигне гол).
Адут на Рома е Ромелу Лукаку за кого квотата дека ќе го отвори резултатот е 6.00, а 2.80 изнесува коефициентот да постигне гол во текот на натпреварот. Голови можат да се очекуваат и од Пауло Дибала и Андреа Белоти.
Обложувачите можат да играат на тоа кој ќе го изведе првиот корнер, која екипа ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон како и кој ќе ја изврши првата замена.
Исто така може да се игра кое време ќе падне првиот гол, како и за тоа колку корнери ќе бидат изведени на натпреварот.