Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите и финалниот натпревар во ФА купот меѓу градските ривали, Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи во полуфиналето беа подобри од Брајтон (1:0), додека Граѓаните го совладаа Шефилд јунајтед (3:0).
Квотите се на страната на Манчестер сити кој има шанса да го повтори успехот токму на Јунајтед од 1999 година и да ја освои тројната круна. Сити веќе ја освои титулата во Премиер лигата, денеска има шанса да триумфира во Купот, а идната сабота игра во финалето на Лигата на шампионите против Интер.
Главен адут на Граѓаните е неверојатниот Ерлинг Халанд кој одигра 51 натпревар сезонава и постигна дури 52 гола. Во ФА купот настапи на три меча и три пати се запиша во листата на стрелци.
Очекувано, квотите се најмали за Халанд да го постигне првиот гол на „Вембли“, како и да се запише во листата на стрелци.
Квотата Халанд да го постигне првиот гол на средбата изнесува 3.10, а 1.62 е за да се запише во листата на стрелци. Тука е и Аргентинецот Хулијан Алварес, кој најчесто играше во нападот во ФА купот, за кого квотите се 5.50 и 2.30. Голови може да се очекуваат и од Ријад Марез (8.00 и 3.50), Фил Фоден (8.50 и 3.50), Кевин де Брујне (9.50 и 3.75) како и од Илкај Гундоган (10 и 4.20).
Главен адут на Манчестер јунајтед е Маркус Рашфорд за кого квотата да го постигне првиот гол изнесува 9.00, а 3.50 за да постигне гол во текот на натпреварот.
Со специјалниот сингл на Sport Life може да се одигра и колку колку корнери ќе бидат изведени од двете екипи, во кој интервал ќе биде постигнат првиот гол.
Во Специјалот има разни игри што не се секојдневни, а можете да одиграте кој прв ќе изведе корнер, кој последен, кој прв ќе направи измена, ќе добие жолт или црвен картон и пенал.