25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Специјален сингл за Тотенхен – Манчестер сити: Граѓаните само еднаш во последните пет меѓусебни меча дале гол во Лондон, Аргентинецот е адут на Гвардиола (Фото)

Дербито во четвртата рунда од англискиот ФА куп ќе се игра во Лондон меѓу Тотенхем и бранителот на трофејот, Манчестер сити, и Sport Life за овој дуел подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите.

Манчестер сити ги има квотите на своја страна, 1.65 е коефициентот за победа на Граѓаните, но адутот на Тотенхем е традицијата во последните неколку сезони, посебно кога игра на домашен терен.

На последните пет дуели кои се играле на новиот стадион на Тотенхен, Манчестер сити загубил и притоа постигнал само два гола.

Менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола најави дека Ерлинг Халанд нема да игра и адут во нападот ќе му биде Хулијан Алварес, кој на четири од последните пет натпревари на Сити се запиша во листата на стрелци.

Очекувано, квотите го фаворизираат токму Аргентинецот и 5.50 е коефициентот дека ќе го отвори резултатот, а 2.20 дека ќе се запише во листата на стрелци. Опасност по голот на Тотенхем ќе претставуваат и Фил Фоден (7.50 за прв гол на мечот и 2.80 за гол во текот на средбата), како и Жереми Доку и Џек Грилиш (9.00 и 3.50).

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постикоглу, месецов нема да може да смета на Хеунг-мин Сон, кој со селекцијата на Јужна Кореја игра на Азискиот куп на нациите. Во негово отсуство, главен адут на Постекоглу е Бразилецот Ришарлисон, кој влезе во гол-форма. Квотата 9.00 е дека ќе го постигне првиот гол на натпреварот, а 3.50 е дека ќе постигне гол во текот на средбата.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се одигра и колку корнери ќе бидат изведени од двете екипи, во кој интервал ќе биде постигнат првиот гол.

Во Специјалот има разни игри што не се секојдневни, а можете да одиграте кој прв ќе изведе корнер, кој последен, кој прв ќе направи измена, кој тим прв ќе добие жолт или црвен картон и пенал.

- Оглас -

Најнови вести