Времето за чекање заврши, денеска започнува Европското првенство во ракомет. Уште на стартот има четири интересни натпревари, а два од нив се дел од Специјалот на Sport Life.
Отворањето на континенталниот собир е со мечот меѓу Шпанија и Србија. Овие две селекции одлично се познаваат меѓу себе и во последните две години одиграа петпати. Шпанија има три победи, а Србија се радуваше двапати. На четири од тие пет меча било неизвесно и на крајот разликата била меѓу два и четири гола, што значи дека може да се очекува интересен дуел. Затоа тука се и комбинациите за победник и колку разлика ќе биде на крајот.
Шпанија сега е во улога на фаворит, а во понудата може да одиграте кој тим прв ќе стигне до три гола, кој прв ќе постигне пет погодоци, 7, 10 или 15 гола, зависно од изборот. Може да се одгра и на тоа која селекција ќе го даде првиот или последниот погодок.
Дури осуммина ракометари се во играта за „плус-минус“ постигнати голови. Тука се и опциите за прво исклучување, прв изведен седмерец, прв промашен седмерец или кој селектор прв ќе побара тајмаут.

Во соседското дерби Германија е голем фаворит за триумф против Австрија. Германците секако се меѓу фаворитите и за највисок пласман. Австрија загуби на сите четири подготвителни меча што ги имаше пред почетокот на ЕП, и тоа од Унгарија, Чешка, Франција и Словенија, па ќе биде чудо ако изненади против Германија.
За победа на Германија со двоцифрена разлика коефициентот е точно шест.


