Специјалистот за слободни атакува на дведеценискиот рекорд на Бекам (видео)

Саутхемптон загуби со 3-2 на гостувањето кај Њукасл, но капитенот на гостите се прослави со уште еден маестрален погодок од слободен удар.

Џејмс Ворд-Праус во 48-та минута го матира голманот Дарлоу со неверојатна реализација од повеќе од 25 метри, што беше негов четврти овосезонски погодок од слободен удар во Премиер лигата.

Англискиот играч за врска има време до средината на мај, кога завршува актуелната сезона, да го израмни, или надмине рекордот на Дејвид Бекам кој стои веќе две децении. Бекам заедно со Лорен Роберт (ексиграч на Њукасл), со пет гола од слободен удар во една сезона го држат рекордот поставен во сезоната 2001/02.

- Оглас -

Најнови вести