„Специјалите“ за дуелите Галатасарај – Ливерпул и Њукасл – Барселона нудат одлични игри и квоти (Фото)

Лигата на шампионите продолжува со осминафинална разврска. Вечерва на програмата се четири дуели, а два од нив и со Специјален сингл во Sport Life. Тоа значи дека има огромна понуда да се одигра на стрелци, победа и прв стрелец, корнери, офсајди, фаули, жолти картони, удари во рамки на гол…

За првиот меч меѓу Галатасарај и Ливерпул, кој започнува во 18.45 часот, се чини дека во фокусот е Виктор Осимен, напаѓачот кој секогаш знае како да го загрози противничкиот гол. Но, од другата страна се и Уго Екитике, Мохамед Салах…

Од 21 часот, на „Сент Џејмс парк“ ќе играат Њукасл и Барселона. И овој меч ќе биде многу интересен, а триото на каталонскиот клуб Левандовски – Торес – Јамал е во преден план што се однесува до очекувањата за голови.

 

- Оглас -

Најнови вести