Специјална е квотата за триумф на Арсенал во Супер типот на Sport Life

Денешната понуда во Супер типот на Sport Life со специјално зголемени квоти има стандардно 16 натпревари од два спорта, девет се фудбалски и седум кошаркарски.

Понудата почнува со натпреварот од турската Суперлига меѓу Умранијеспор и Хатајспор, кој започнува од 15 часот. Фаворит е домашниот тим и специјално зголемената квота за „кецот“ изнесува 2.30.

На вториот натпревар од турската Суперлига фаворит е Фенербахче, а квотата за триумф изнесува 1.87.

Во Новата година „моторите ги запалија“ и шпанските екипи, кои стартуваат со дуелите во Кралскиот куп и големи фаворити се Вилјареал против Картагена и Валенсија против Ла Нусиа.

Одлични квоти за победи има и на фаворитите во кошарка. Дижон е фаворит против Перистери, Мурсија против Каршијака во кошаркарската ЛШ, како и Баерн против Росток и Олденбург против Чемниц во германскиот шампионат.

Супертипот завршува со трите натпревари од Премиер лигата. Тука е дербито меѓу Арсенал и Њукасл, за кое специјално зголемената квота за триумф на Топчиите изнесува 1.95. Лестер е благ фаворит против Брајтон и „кецот“ е 2.45, а квотата за триумф на Брајтон на гостувањето кај Евертон изнесува 2.25.

Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.

- Оглас -

Најнови вести