Специјална Олимпијада Македонија заедно со Кошаркарска федерација на Македонија го организира 22-рото издание на Европската кошаркарска недела.
Настанот ќе се одржи утре (29.11.2025), со почеток во 9 часот, во Спортско Рекреативен Центар „Кале“ (голема сала).
Според предвидената агенда, прво ќе има регистрација на атлетите и учесниците на настанот, па свечено отворање со обраќања на претставници на КФМ и Специјална Олимпијада Македонија. Ќе има спортски полигон за најмладите учесници, кошаркарски игри, доделување на награди за учесниците, и во 13 часот е затворањето на игрите.

Европската кошаркарска недела 2025 ќе опфати рекреативни кошаркарски игри во чии рамки лицата со интелектуална попреченост ќе се натпреваруваат заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови.
Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и Кошаркарската Евролига се повикува на еднаквост и се нагласува потребата за еднакви можности за сите.

