Макс Ферстапен од Ред Бул беше најбрз на денешните квалификации во Силверстоун, и утрешната трка за Големата награда на Велика Британија од Формула 1 шампионатот ќе ја почне од пол-позиција.
Актуелниот првак беше побрз од двата Мекларени (британски тим) на Оскар Пјастри и Ландо Норис, а потоа следуваа Британците Џорџ Расел и Луис Хамилтон од Мерцедес односно Ферари.