Специјална вечер за Барса, Гави се враќа после 348 дена пауза, можно деби на Шчесни

Поминаа 348 денови откако младиот фудбалер на Барселона, Гави, го одигра својот последен меч, а вечерва има прилика да се врати на терените по едногодишна пауза.

Гави се најде на листата на Барса за средбата со Севилја, а ако влезе во игра, тоа ќе му биде прв клупски настап од 7-ми ноември лани, кога Барса гостуваше кај Шахтар во Хамбург во меч од Лигата на шампионите. На Гави после мечот со Грузија на 19-ти ноември 2023 му беше дијагностицирано кинење на предните вкрстени лигаменти во десното колено и не можеше да игра речиси една година.

Во конкуренција за вечерва е и новиот голман Војчех Шчесни кој уште го чека своето деби на голот на Каталонците откако потпиша како слободен агент по повредата на Марк Андре Тер Штеген.

- Оглас -

Најнови вести