11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Специјални квоти во Sport Life да има пенал или црвен картон на Ел Класико (Фото)

Најголемото фудбалско дерби на светот помеѓу Реал Мадрид и Барселона попладнево од 16.15 часот треба да донесе голови и возбуда, а Специјалот на Sport Life може да ви помогне и да заработите пари ако точно прогнозирате што ќе се случува во Мадрид.

Има огромен број на игри со привлечни квоти, а меѓу опциите на кои може да уплатите и да чекате добивка се и кој тим прв ќе изведе пенал или кој прв ќе добие црвен картон. Секако може да одиграте и дека нема да има пенал или исклучување, но квотите се помали отколку ако има.

Сезонава во Ла Лига, на Реал се досудени три пенали, а против Реал два. Односот на пенали кај Барса е по два за и против нив. За или против, на мечевите на двата тима заедно имало девет пенали во 18 натпревари, 50% шанса.

Ако има пенал за Кралскиот клуб, изведувач е Килијан Мбапе, а за Каталонците во отсуство на Роберт Левандовски тоа ќе биде Ламин Јамал, па тие се и најверојатни први стрелци во своите екипи според квотите во Специјалот.

Судијата Сото Градо не го сакаат во Барселона, но тој во својата кариера најмногу црвени картони му има покажано на Реал Мадрид, а со оглед на тензиите и значењето на мечот, можно е да има некое исклучување за некој од играчите на двата тима.

- Оглас -

Најнови вести