„Специјалниот“ има изненадување: Од следната сезона се враќа на фудбалот за плата од 15 милиони евра

Жозе Мурињо од следната сезона ќе има нов, барем таква информација пренесуваат турските медиуми вечерва. Португалецот следната сезона треба да седне на клупата на Бешикташ за плата од 15 милиони евра по сезона, а договорот би бил на две сезони.

Претставниците на Бешикташ и Мурињо веќе одржале еден состанок, а следната ќе има уште еден, по што можеби и ќе следува потпис на договорот.

„Го контактиравме Жозе Мурињо. Подготвен е да дојде во Бешикташ. Се договоривме следната седмица да имаме нов состанок во Италија. Финансискиот дел од договорот е решен.“ – рече претседателот на Бешикташ, Хусеин Јусел.

Бешикташ со Мурињо сака да се врати на старите патеки и повторно да освојува трофеи во Турција. Последната шампионска титула ја освоија пред три години, но оваа сезона се далеку од најголемите ривали, Галатасарај и Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести