Специјалниот ќе му ја спасува кариерата на Азар?

Како гром од ведро небо изби веста дека Жозе Мурињо го посакува Еден Азар како големо засилување во Рома, каде што Специјалниот почнува нова ера од следната сезона. Двајцата одлично соработуваа во Челзи, впрочем Азар го играше најдобриот фудбал под палката на Мурињо и беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во сезоната 2014/15, кога заедно ја освоија титулата во Премиер лигата.

Шпанските медиуми од претходно тврдат дека Реал ќе се ослободува од Белгиецот кој има договор до јуни 2024 година, па доколку го одбработи до крај, клубот ќе мора да му исплати уште 45 милиони евра.

Со оглед на тоа дека трансферот од Челзи во Реал беше астрономски со сума од 150 милиони евра, а честите повреди го спречија Азар да ги оправда средствата, наводно Кралевите сега би прифатиле без пари да го пуштат „стаклениот“ офанзивец со цел колку толку да ги средат финансиите.

На Рома, односно Мурињо, им останува само да го убедат Азар да прифати помала плата бидејќи Волчицата не е финансиски моќна како гигантот од Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести