„Специјалниот“ најавува: Порто може да го елиминира Ливерпул

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, смета дека неговиот поранешен клуб Порто, со кој сензационално ја освои Лигата на шампионите во 2004 година, може да приреди изненадување против Ливерпул во четвртфиналето од ЛШ. Порто на хартија е аутсајдер во овој двобој, но Мурињо не го отпишува португалскиот тим.

„Порто има реална шанса да победи и да се пласира во полуфиналето. Во споредба со минатата сезона, сега тренерот Консеисао има многу повеќе искуство и може да си одговори на прашањата што му се случи лани, и да најде начин да не ги повтори грешките. Не мислам дека Ливерпул е чист фаворит, иако има одличен состав и индивидуален квалитет. Проблем на англискиот тим е што се бори на два фронта. Тоа значи дека на неколку дена пред дуелите со Порто, ќе играат со најдобрите играчи и тие може да бидат заморени“ – анализира Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести