Специјалниот сингл е само за мајсторите на обложувањето: Јуве – Интер е на програмата

Јувентус и Интер по вторпат сезонава ќе играат меч за пехар. Откако во јануари се бореа за трофејот во Суперкупот на Италија (победи Интер со 2:1, и тоа со гол во 121-вата минута), сега на ред е борбата за трофејот во Купот.

Овие два гиганти сезонава одиграа три меча и сите три во 90 минути завршија со 0-2 гола. Во првенството, во Милано беше 1:1, додека во Торино Интер славеше со 1:0 против Јувентус.

Иако имаше малку погодоци, обавезно погодок паѓаше во првото полувреме, и тоа во два меча имаше гол во првите 25 минути. Во Специјалниот сингл на Sport Life, токму периодот од 11-тата до 30-тата минута е како најсигурен дека ќе падне првиот погодок.

Како први фаворити за постигнување на првиот погодок се Лаутаро Мартинез кај Интер и Душан Влаховиќ кај Јувентус, а, секако, тука се и Мората, Џеко и Дибала.

На последниот меч во Торино имаше „војна“ на теренот, па беа доделени дури осум жолти картони, додека Де Шилјо доби и црвен картон. Со коефициент 4 е дека Јувентус повторно ќе добие црвен картон и вечерва, а може да се обложите и на тоа кој ќе го има првиот или последниот корнер, жолт картон или прва замена кај играчите.

Едноставно, со Специјалниот сингл секогаш е многу повозбудливо да се гледаат дерби-дуелите.

- Оглас -

Најнови вести