Интер е домаќин на Баерн Минхен во дуел на два поранешни европски прваци, а овој меч го има како Специјален сингл во понудата на Sport Life. Според коефициентите, но и според традицијата, Баерн Минхен е фаворит за триумф.
На овој меч може да се одиграат многу интересни игри, но и да се комбинира. За Баерн да победи, а новата ѕвезда во тимот Садио Мане да постигне гол, квотата е 3.25. Ако верувате во триумф на Интер, а очекувате Мартинез да постигне погодок, коефициентот е одличен и изнесува дури 6.50.
Секако, може да се одигра и кој ќе го изведе почетниот удар, кој прв ќе изведе корнер, кој прв или последен ќе добие жолт картон.
Традицијата вели дека на три од последните четири меѓусебни дуели, првиот погодок бил постигнуван во првите неколку минути. На последниот меч, првиот гол падна во осмата минута, еден меч претходно погодок имаше во седмата минута, а на дуелот кога Интер на гости победи со 3:2, погодок имаше само по четири минути игра.
Ако верувате дека и сега рано ќе биде постигнат погодок, убава е квотата за тоа дека гол ќе има во првите 10 минути, додека за оние кои сакаат да ризикуваат и да бркаат големи коефициенти, дури 20 е квотата дека првото нешто што ќе се случи на мечот е токму погодок.
Може да одиграте и на вкупно удари во голот, колку вкупно корнери ќе има, жолти картони, фаули или офсајди.