Специјалниот влезе во историјата, прв тренер кој дошол до европско финале со четири различни клубови

Рома и Феенорд ќе играат во финалето на Конферециската лига. Тоа финале ќе се игра во албанската престолнина Тирана.

Во полуфиналето, Рома го елиминира Лестер со победа од 1-0 и со гол на Тами Абрахам (првиот меч заврши 1-1), додека холандскиот Феенорд одигра нетипични за нив 0-0 против Марсеј, а првиот дуел Ротердамци го добија со 3-2.

Жозе Мурињо стана прв тренер кој со четири различни клубови стигнал до финале на еден од европските купови. Тоа му успеваше со Порто, Интер, Манчестер јунајтед и сега со Рома.

- Оглас -

Најнови вести