Второто коло на Спортска прогноза не се пропушта и е специјално, со најстарото градско дерби во Европа меѓу Глазгов ренџерс и Селтик и како шлаг големата пресметка во Премиерлигата меѓу Ливерпул и Челзи.
Денеска до 15,30 часот може да се прогнозираат 13-те натпревари што се понудени во оваа рунда, а има многу интересни дуели.
Во главниот град на Шкотска популарното Олд-Фирм дерби се игра веќе три века, а Ренџерс и Селтик се лути ривали во натпревари со посебен шмек, во најдолговечното градско дерби во Европа.
Тој дуел ќе се игра утре од 13 часот на „Иброкс парк“ во Глазгов, кој е дом на Ренџерс. Денеска во фокусот е пресметката меѓу Ливерпул и Челзи од 18,30 часот на уште едне култен стадион, на „Енфилд роуд“ во Ливерпул.
Првиот меч од Тринаесетката ќе се игра во Билефелд, меѓу Арминија и Ајнтрахт од 15.30 часот и до тој рок може да се вклучите со типување на Спортската прогноза, во игра што бесплатно ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Учеството може да ви донесе бројни награди меѓу нив и „ајфон 12“ што се доделува во секое коло, а има и ваучери од по 1.000 и 500 денари.
Потребно е само да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија да се погодат натпреварите на пат кон наградите што ги доделува Sport Life.