Повторно Специјалните синглови што ги подготвува Sport Life се магнет за обложувачите поради атрактивната понуда со игри од Мундијалот во Катар, што можат да се играат сингл, но и да се комбинираат со безброј интересни варијанти.
Една од најатрактивните е да се погоди кој ќе биде прв стрелец на натпреварот или кои играчи ќе постигнат погодоци во текот на мечот, а најсложена варијанта е комбинација од стрелец и победник.
На дербито од Ф групата меѓу Хрватска и Белгија што директно одлучува која селекција ќе оди понатаму, а која ќе си замине дома има екстра понуда со стрелци.
Андреј Крамариќ, кој често беше критикуван дека не игра добро за хрватската репрезентација, како што тоа го прави на клупско ниво во Бундеслигата за Хофенхајм, блесна против Канада со два гола и сега е топ-фаворит во една многу интересна игра.
Крамариќ да даде гол и Хрватска да ја победи Белгија е комбинација со коефициент 5.00.
Иста е квотата и за стрелец да биде Ромелу Лукаку, а Белгија да ја победи и веројатно и да ја елиминира Хрватска.
Вакви комбинации има вкупно 10 во Специјалниот сингл на Sport Life, со по петмина фудбалери од двете репрезентации.
Изборот е уште поголем за прв стрелец на мечот и за стрелци во текот на натпреварот, па можете да си составите комбинации по ваш вкус со топ-коефициенти.
Има широка лепеза на игри и од стандардната понуда за Мундијалот со можност да се обложувате на почетен удар, интервал на првиот гол, на број на удари кон голот, на корнери, жолти и црвени картони, дали ќе има пенал, на кој начин ќе падне првиот гол, број на офсајди, која селекција прва ќе направи замена и уште многу други игри.
На вториот дуел од последното коло во оваа група меѓу Канада и Мароко има речиси иста понуда, секако, со различни стрелци, репрезентативци на овие две селекции.
На Мароко му треба победа за сигурен пласман во нокаут-фазата, иако и со реми и пораз би оделе понатаму ако загуби Белгија.
Канада е испадната, па се очекува отворен меч без калкулации и за гол повеќе. Тоа е шанса да си пронајдете стрелец, или повеќе стрелци, и да типувате за добивки во Sport Life.
Ен Несири е фаворит за прв стрелец и ако успее, можете да си го помножите влогот со 6 коефициент во Sport Life.
Ако верувате дека Канада може да изненади, добра варијанта е да одиграте на победа на Јаворовиот лист со стрелец Дејвис за коефициент 8.00, или можеби и дека Ларкин или Дејвид ќе бидат стрелци со три бода за аутсајдерот.
И тука може да се игра од широката лепеза на игри во Специјалниот сингл со познатите игри на број на удари во голот, интервал на првиот гол, прв и последен корнер, жолти картони, ќе има ли пенал и црвен картон, вкупно фаули и офсајди…