Третиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 против Англија е натпреварот за кој обложувалницата Sport Life подготви Специјален сингл понуда во која има богата лепеза на нестандардни игри и примамливи квоти.
Македонија има половичен ефект во квалификациите, на стартот ја совлада Малта со 2:1, а во петокот загуби од Украина во Скопје со 2:3, додека Англија има максимални три победи во првите три меча.
Македонија и Англија досега имаат одиграно четири меча меѓу себе и интересно е што Црвено-жолтите немаат пораз на двете гостувања. Прво во 2002 година, во Саутхемптон беше 2:2, а четири години подоцна на „Олд Трафорд“, Англија и Македонија одиграа без голови.
Англичани се големи фаворити, квотата за триумф на Гордиот Албион е 1.10, додека коефициентот за победа на Македонија е 24. Квотата за Македонија да не загуби исто така е одлична и изнесува 6.25.
Кога игра Англија, се знае кој е главна опасност за противничките голови, тоа е капитенот Хари Кејн. Квотата за Кејн да го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 3.00, додека 1.45 изнесува за да се запише во листата на стрелци. Голема опасност за голот на Столе Димитриевски се очекува да бидат и Калум Вилсон (3.50 и 1.65), Маркус Рашфорд (4.50 и 1.70), Букајо Сака (5.00 и 2.00), Фил Фоден (6.00 и 2.10).
На Елиф Елмас, кој постигна прекрасен гол против Украина, му се даваат најголеми шанси да даде гол – 15.00 е квотата дека Елмас ќе го отвори резултатот, додека 4.00 е да се постигне гол во текот на натпреварот.
Интересно е што квотата да има автогол изнесува 5.00 и е помала од таа Илија Несторовски да се запише во листата на стрелци (7.00).
Може да се обложите и во кој период ќе биде постигнат голот, на бројот на корнери, кој тим прв ќе добие жолт или црвен картон, кој прв ќе направи замена, прв и последен корнер, дали ќе има пенал, за кој тим би бил првиот пенал итн.