Реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Интер е денешниот натпревар за кој обложувалницата Sport Life подготви Специјален сингл понуда во која има богата лепеза на нестандардни игри и примамливи квоти.
Првиот натпревар кој се играше во Милано заврши со минимален триумф на Интер, кој е актуелен европски вицешампион. Нераѕурите беа многу подобар противник на првиот меч и постојано напаѓаа, но постигнаа само еден гол преку Марко Арнаутовиќ во 79-тата минута.
Вечерва се очекува поинаков пристап на шпанскиот тим. Ако на првиот меч повеќе мислеше на одбраната, вечерва на „Метрополитано“ ќе мора да биде поофанзивен бидејќи нема избор и мора да оди на победа.
Интер и вечерва ги има квотите на своја страна, 2.55 е коефициентот за победа на Нераѕурите, додека 3.00 е тој за триумф на Атлетико Мадрид.
Главни адути на тренерот Диего Симеоне се очекува да бидат Антоан Гризман, Алваро Мората, Мемфис Депај, додека кај Интер главниот збор го има Лаутаро Мартинес, а стрелецот од првиот меч, Арнаутовиќ, нема да игра поради повреда. Квотите за стрелците се одлични, а дополнително може да ги комбинирате и со победник на мечот.
Може да се обложите и во кој период ќе биде постигнат голот, на бројот на корнери, кој тим прв ќе добие жолт или црвен картон, кој прв ќе направи замена, прв и последен корнер, дали ќе има пенал, за кој тим би бил првиот пенал итн.