Вечерва продолжуваат натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите и во фокусот е дуелот меѓу Лацио и Баерн Минхен и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со доста различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Лацио, кој е домаќин на првиот осминафинален натпревар, групната фаза ја заврши како второпласиран во групата Е заед Атлетико Мадрид со освоени 10 бода на шест меча.
Баерн Минхен пак надмоќно го освои првото место во групата А со пет победи и само едно реми и вечерва ја има фаворитската улога (1.72), иако изминатиот викенд доживеа убедлив пораз од Баер Леверкузен (3:0).
Баварците имаат голем адут во својот тим, тоа е Хари Кејн, кој во групната фаза постигна четири гола и најмали се токму квотите за англискиот репрезентативец да се запише во листата на стрелци (1.80), како и да го постигне првиот гол (3.75).
Опасност за Лацијалите ќе претставуваат и Максим Чупо-Мотинг, за кого квотата да го постигне првиот гол е 6.00, а 2.80 изнесува за да се запише во листата на стрелци, а исти се квотите и за младиот Тел. Голови може да се очекуваат и од Лерој Сане (7.00 и 3.00), како и од Џамал Мусијала (8.50 и 3.70).
Кај фудбалерите на Лацио, најмали се квотите за капитенот Чиро Имобиле и изнесуваат 8.00 да го отвори резултатот и 3.50 да постигне гол во текот на мечот.
Во богатата понуда на специјални игри и опции може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, кој тим прв ќе направи замена, дали на мечот нема да има пенал, дали по почетниот удар следно што ќе се случи е аут, фаул, голаут, корнер, офсајд…
Понудата е одлична, ваше е само да се одлучите што да одиграте и да се надевате дека сте имале добро претчувство.