29.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Специјалот на Sport Life за Манчестер јунајтед – Баерн Минхен има игри за сечиј вкус, одлични се квотите за голови (Фото),

Вечерва се играат последните мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите и во фокусот е дуелот меѓу гигантите Манчестер јунајтед и Баерн Минхен и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со доста различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Манчестер јунајтед, кој е домаќин, има императив да победи доколку сака да се надева на пласман во осминафиналето, но не зависи само од себе.

Црвените ѓаволи во вечерашниот дуел влегуваат како последнопласирани во групата А само со четири освоени бода, додека Баерн Минхен одамна го завери пласманот во осминафиналето и е лидер со 13 бода.

На спротивната страна, еден фудбалер ќе има посебен императив на „Олд Трафорд“, тоа е напаѓачот Хари Кејн, кој изминатото лето ја одби понудата на Манчестер јунајтед и ги напушти Тотенхем и Премиер лигата за да освојува трофеи во Баерн Минхен.

Најмали се токму квотите за Кејн да се запише во листата на стрелци (2.00), како и да го постигне првиот гол (4.50).

Опасност за голманот Андре Онана ќе претставуваат и Максим Чупо-Мотинг, за кого квотата да го постигне првиот гол е 7.00, а 2.70 изнесува за да се запише во листата на стрелци, а исти се квотите и за младиот Тел.

Кај фудбалерите на Манчестер јунајтед кои немаат избор и мора да одат на победа најмали се квотите за Расмус Хојлунд. Голови може да се очекуваат и од Маркус Рашфорд (7.50 и 3.00), Антони Марсијал (8.00 и 3.10), како и на Фернандеш и Гарначо (9.00 и 3.75).

Во богата понуда на специјални игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, кој тим прв ќе направи замена, дали на мечот нема да има пенал, дали по почетниот удар следно што ќе се случи е аут, фаул, голаут, корнер, офсајд

Во Специјалот може да најдете игри од типот кој ќе биде прв стрелец или да погодите некој играч што би постигнал гол во текот на мечот, како и опцијата повеќекратен стрелец или да падне автогол.

Понудата е одлична, ваше е само да се одлучите што да одиграте и да се надевате дека сте имале добро претчувство.

- Оглас -

Најнови вести