Денеска се игра најголемото дерби во англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед и Sport Life подготви специјален сингл кој нуди голем број опции за обложување од оние нестандардни фудбалски игри во редовната понуда.
Може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, кој ќе ја направи првата замена, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.
Во изминатите неколку години Ливерпул заедно со Манчестер сити се бореа за титулата во Премиер лигата, додека Црвените ѓаволи „го бараа победничкиот идентитет“ по заминувањето во пензија на легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон.
И сезонава е иста слика, Ливерпул мометно е лидер на табелата, додека Манчестер јунајтед има 10 бода помалку по 16 кола, а згора на тоа веќе го заврши настапот во Лигата на шампионите откако загуби од Баерн Минхен со 0:1.
Дополнителен проблем за менаџерот Ерик тен Хаг се повредите на неговите фудбалери, сигурно нема да играат Каземиро, Диало, Ериксен, Мегваер, Маласија, Мартинес, Маунт, Шо, неизвесен е настапот на Линделоф и Марсијал, додека Бруно Фернандес е суспендиран поради жолти картони.
Згора на тоа, навивачите и фудбалерите на Јунајтед не го паметат по добро последното гостување на „Енфилд“, минатата сезона Ливерпул славеше со 7:0. По два гола дадоа Мохамед Салах, Коди Гакпо и Дарвин Нуњес кои би требало да настапат и на денешниот дуел, а последниот седми гол беше дело на Роберто Фирмињо кој повеќе не е дел од тимот.
Токму Салах, Нуњес и Гакпо и денеска ќе претставуваат најголема опасност за голот на Андре Онана. Главниот адут на Ливерпул, Мохамед Салах има квота од 1.83 за да се запише во листата на стрелци, а 4.50 за да го постигне првиот гол на дуелот. Квотите за Нуњес се 2.00 и 5.00, а за Гакпо се 2.40 и 6.50. Опасност за голот на Онана ќе биде и Луис Дијас за кого квотите се 2.40 дека ќе даде гол во текот на мечот, а 6.50 дека ќе го отвори резултатот.
Кај Јунајтед, главен адут ќе биде Расмус Хојлуд за кого квотите се 3.50 дека ќе се запише во листата на стрелци, а 10.00 дека ќе го даде првиот гол на мечот.
Манчестер јунајтед последен пат како гостин го победил најголемиот ривал во 2016 со 0:1, а единствениот гол го постигна сега веќе пензионираниот Вејн Руни.