Специјалот за Македонија – Аргентина со одлични квоти: Патриотското типување може да ви донесе супер добивки (Фото)

Дојде денот кога македонските љубители на ракометот со право веруваат дека конечно ќе се израдуваат на една победа на нашата селекција на Светското првенство, а бидејќи според квотите во Sport Life, Аргентина е фаворит, може и добро да се заработи во случај на успех на избраниците на Кирил Лазаров.

Победа за Македонија ќе значи пласман во главната рунда од вториот круг, кој се игра во Катовице, и уште три меча против јаки противници. Пораз ја носи Македонија во Претседателскиот куп во Плоцк, каде што ќе се бориме за избегнување на дното и во тој случај, најдобро што можеме да поминеме е 25-то место на конечната табела на СП.

Специјална е понудата на Sport Life за денешниот меч на Македонија од 18 часот во Краков, а Специјал има и за дуелот на Србија со Катар, кој стартува во 20.30 часот.

За двата дуела има исклучително добар избор од необични игри, па може да се типува на конечен исход, на голови и хендикепи, која селекција прва и последна ќе даде гол, кој прв до 3, 5, 7 и 10 гола, прв и последен седмерец, прв утнат седмерец, кој прв ќе побара тајмаут, кој ќе го има првото исклучување. При сите овие игри, квотите за Македонија се привлечни.

Тоа важи и за другите игри во коишто има разни детали. Може да се игра на вкупен број исклучувања и за секој тим одделно, број на седмерци на мечот и за секој тим посебно, во кое полувреме ќе има повеќе голови, а секако тука е и понудата за број на голови на некои поединци. Може да погодувате колку голови ќе постигнат Манасков, Кузмановски, Пешевски и Талески од Македонија, но и за Диего Симонет, Џејмс Паркер и Федерико Пизаро од Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести