Спировски: Пред нас е најважниот меч во нашите кариери, добро е што имаме лидер како Пандев

Македонија задутре, на 8 октомври, ќе го направи првиот чекор кон историскиот пласман на Европското првество. Во Скопје на арената „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Косово, против која мора да се обезбеди победа за да се стигне до финалето на плејофот од Лигата на нациите, последната станица пред континенталниот собир.

Стефан Спировски, еден од адутите на селекторот Ангеловски, смета дека фаворитската улога треба да се оправда на теренот, а сето тоа ќе биде полесно да се оствари бидејќи Македонија го има големиот Горан Пандев.

„Ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера. Да се носи националниот дрес на едно Европско првенство е сон на секој фудбалер, па ако оствариме добар резултат против Косово, имаме големи шанси да испишеме историја. Според мене, нашата селекција има повеќе квалитет, добро е што играме на домашен терен, а предност е што секогаш го даваме максимумот. Јасно е што преставува Горан Пандев за Македонија. Несомнено е најдобар играч во екипата, чест е да го имаме за лидер и капитен, секако дека многу ќе ни значи што ќе игра во овој натпревар. Слушнав дека сме фаворити, целиме кон тоа да го покажеме на терен и да ги израдуваме сите наши навивачи“, истакна Спировски.

- Оглас -

Најнови вести