Сплит го победи Борац и го остави МЗТ Скопје да се надева на опстанок во АБА

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ги задржа минималните шанси за опстанок во АБА лигата откако Борац доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Сплит.

Поранешниот европски шампион го одигра најдобриот натпревар сезонава и со 113:99 го совлада Борац кој во последните две кола со еден триумф ќе си обезбеди опстанок и ќе го испрати МЗТ Скопје во АБА 2 лигата.

За да ги задржи минималните шанси за опстанок, МЗТ Скопје мора да победи на сите три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, а првиот предизвик му е вечерашниот дуел во СЦ Јане Сандански против Задар.

- Оглас -

Најнови вести