Сплит слави: Хајдук даде еден гол доволен за победа над Динамо Загреб (Видео)

Хајдук Сплит го сочува лидерското место во хрватското првенство, откако минимално со 1:0 славеше над Динамо Загреб во вечното хрватско дерби. По 15 одиграни кола, Хајдук е лидер со 32 поени, пред Риека со 29, додека Динамо остана на 25 бодови и е на третото место.

Моментот на одлука се случи во 54 минута кога Нико Сигур го постигна единствениот гол, за голема радост на навивачите на „Пољуд“ во Сплит.

На хрватското дерби играше еден македонски интернационалец. Стефан Ристовски беше со капитенската лента во Динамо, доби жолт картон и беше заменет во 62 минута. Аријан Адеми остана на клупата за резерви кај Динамо, а меѓу резервите кај хајдук беше репрезентативецот Александар Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести