Берлин е домаќин на денешните четири осминафинални дуели, а пред „Мерцедес-бенс арената“ беше видено нешто што е вистинска реткост. Хрватски и српски навивачи заедно шетаа, би вееја своите знамиња, разговараа и се сликаа.
Вакви слики се многу ретки по војната која ја имаа овие две земји пред 30-тина години.
„Така треба, а не да се караме“, се слуша на видеоснимката.
Хрватска загуби од Финска, а Србија ќе игра против Италија за пласман во четвртфиналето.