Спојка на европски, африкански и јужноамерикански фудбал носи одлична комбинација

4212 Патронато – Индепендиенте (20:30 ч.)

Гостите се многу попопуларен тим, а и на овој меч влегуваат со поголеми шанси да стигнат до победа. Сепак, домашниот терен е адут за Патронато и сигурно нема предвреме да се предаде.

Сепак, традицијата е на страна на Индепендиенте и во последните 10 меѓусебни меча има седум победи, Патронато се радувал само еднаш, а двапати било нерешено. Во овие 10 средби, дури седумпати се играло со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.98)

 

3532 Енергетик БГУ – Днепар Могилев (17 ч.)

Најголемото изненадување во првенството на Белорусија е екипата на Енергетик БГУ. Минатата сезона овој тим само за еден бод се спаси да не испадне од првата лига, а сега, по 11 одиграни кола, е лидер на табелата со осум победи, едно реми и само два порази.

Днепар Могилев е тим кој минатата сезона играше во втората лига и сега со само пет освоени бода е фаворит да испадне, односно да се врати таму од каде што дојде пред неколку месеци.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.18)

 

5701 Фарко – Ал-Итихад (19 ч.)

Дуел на две екипи кои според квалитетот со којшто располагаат, се на исто ниво. Во Египет не е редок случајот дуелите да завршат нерешено, па Фарко има четири ремија во низа, и тоа трипати 0:0 и само еднаш 1:1. Фарко е убедливо најнеефикасниот тим, па по 22 меча има дадено само 17, но примено едвај 15 погодоци, што е асоцијација дека игра „бункер“.

Ал-Итихад дома загуби од овој ривал со 1:2 и сега гостите треба да се среќни ако освојат бод во меч во кој не треба да очекуваме многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (1.74)

 

1280 Сент Патрик – Шемрок (20:45 ч.)

Лидерот во ирското првенство, екипата на Шемрок игра на гости кај Сент Патрик, кој има солиден тим и се бори за горниот дел од табелата. За ирското првенство, по малку делува чудно фактот дека Шемрок на последните осум средби игра НГ, односно една од двете екипи да не постигне погодок, па време е да биде ГГ.

Предлог тип: ГГ (1.98)

 

2607 Малме – Хелсинборг (19 ч.)

Малме е асполутен фаворит за победа против екипата која е последна во шведското првенство. По 11 кола, Малме има само пет победи и проблеми со играта во нападот, но токму овој дуел со најслабата екипа во лигата треба да биде дополнителен мотив за кревање на самодовербата кај домаќините.

Традицијата вели дека Малме победувал во последните пет меча против Хелсинборг, па многу веројатно е дека оваа низа ќе продолжи и денеска.

Предлог тип: 1-1 (1.74)

- Оглас -

Најнови вести