Спонзорот на Бока си ги смени боите на логото, потсетувале на Ривер (Фото)

Славниот аргентински клуб Бока јуниорс, го претстави својот нов спонзор чие име ќе стои на задната страна на дресовите на тимот, но има и една „цака“. Наместо само логото, на дресот ќе стои целосното име на компанијата, а причината е лутото ривалство со Ривер плејт.

Оригиналниот изглед на логото на фирмата Гарбарино е во црвена и бела боја, а тие бои се „забранети“ во Бока, бидејќи потсетуваат на Ривер. Затоа, оригиналното лого е исфрлено од дресот и најдено е друго решение.

Во Бока уште се свежи сеќавањата од 2009 година кога играа со дресови на кои централно на предната страна имаше лого на компанијата „ЛГ“ и тоа лого беше во боите на Ривер, нешто што фановите никогаш не му го простија на тогашното раководство.

- Оглас -

Најнови вести