Спонзорот „Пирели“ ќе му помага на Интер да го купи Меси, но…

Извршниот директор на гигантот за производство на гуми „Пирели”, Марко Тронкети Провера, изјави дека компанијата ќе се обиде да му помогне на Интер ако клубот пројави амбиции за ангажирање на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.

Аргентинската суперѕвезда има уште една сезона договор со Барселона, ова предизвикива низа шпекулации за неговата иднина и дали тој ќе го напушти „Камп ноу” по толку многу години. Еден од клубовите за кои се зборува дека се сериозни во намерата да го купат Меси е Интер од Милано.

Нераѕурите го замолиле „Пирели” за помош откако видоа дека автомобилскиот гигант „Фијат” пред две години помогна при зделката за кулувањето на Кристијано Роналдо од страна на Јувентус. Сепак, пандемијата од корона-вирусот значително ги ограничила можностите на „Пирели“ за финансиска поткрепа.

„Пирели“ е снабдувач со гуми на Формула 1 тимовите и спонзор на фудбалскиот клуб Интер. Тоа се огромни трошоци, па претседателот на Интер, Стивен Џанг, ќе треба сам да се потруди да го купи Меси, а „Пирели“ би му бил само како поддршка, а не главен финансиер.

Меси во Интер е стар сон, кој клубот го имаше уште во времето на претседателот Масимо Морати. Дали упорноста ќе им се исплати, не зависи само од нив, туку и од исходот на претседателските избори во Барса закажани за јуни 2021. Ако актуелниот претседател остане, има шанса Лео да премине во друг клуб, во спротивно, поголеми се шансите да остане во Каталонија до крајот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести