Спонзорот што побегна од Ѓоковиќ, ќе го вози кралското семејство на Реал Мадрид

Реал Мадрид има план да го прошири списокот на спонзори, а меѓу нив новитет треба да биде францускиот автомобилски гигант „Пежо“, кој неодамна му ја откажа „љубовта“ на Новак Ѓоковиќ.

Реал има актуелен договор со германскиот гигант „Ауди“ до 2023 година, но можно е да дојде и до предвремено раскинување на договорот.

Кралскиот клуб се надева дека со пристигнувањето на францускиот бренд може да го привлече и францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе, кој има страшна понуда од Пари Сен Жермен од 50 милиони евра бруто-плата годишно, но сака да игра за Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести