21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Според 15-тиот на АТП-листата, тенисот е најтежок спорт на светот, објасни и зошто

Американскиот тенисер Френсис Тијафо, кој е 15-ти на АТП ранг-листата, има теорија со која го поткрепува неговото лично мислење дека спортот што го игра е најтежок.

„Тенисот е најтежок спорт на светот. Ништо не може да ме увери дека не е така. Топчето е многу мало во споредба со другите спортови, па вашата координација око-рака мора да биде одлична. Освен тоа, во спортот нема часовник, не е спорт во кој се мери времето. Никогаш не знам колку време ќе минам на терен и колку ќе останам на некој турнир. Потоа, има неконтролирани движења, се поместувате горе-долу, од една на друга страна. Тешко е, сам си на теренот, немаш ничија помош“, објаснува 26-годишниот Тијафо, кому најголем успех досега му е пласманот во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести