Според ФИБА, за Македонија нема да има место на Евробаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација в петок ќе стартува во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година. Македонија е во група со Литванија, Полска и Естонија.

Три од четирите селекции ќе играат на завршницата на континенталниот собир, а Полска како кодомаќин веќе има сигурен пласман. Ако се знае дека Литванија е апсолутен фаворит во оваа група, јасно е дека третиот патник треба да се бара меѓу нашата селекција и Естонија.

Токму Естонија е првиот ривал на Македонија в петок во СРЦ „Кале“, а според ФИБА-рејтингот, нашата репрезентација е со најмали шанси да биде на завршницата. Литванија е на петтото место на листата, за Полска е загарантирано 22-рото место, а Естонија е на 22-рата позиција. Македонија е дури на 28-мото место, што значи дека по таа логика, нема место да биде во Топ 24 селекциите на завршницата.

Во анализата на ФИБА стои објаснување дека Ти-Џеј Шортс нема да биде во комбинација за февруарскиот прозорец и тоа ќе биде недостаток, како и тоа дека Македонија е дефицитарна под обрачите, каде што своја шанса ќе добие и новиот натурализираниот Македонец Итан Хап.

- Оглас -

Најнови вести