Само уште еден ден останува до стартот на новата четврта сезона од популарната игра Спортска прогноза на Sport Life. Голем е бројот на оние кои го дадоа своето мислење за понудените 13 натпревари што се на понудата во првото коло и со тоа влегоа во трка за освојување на главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 12“.
Лесно е да се биде дел од бесплатната игра. Потребно е само да имате Sport Life картичка, која исто така може бесплатно да ја извадите во кој било уплатен објект. Главна цел е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари, што носи премија наречена „ајфон 12“.
Доколку имате 12 погодоци, тогаш освојувате вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари. Секако, и со помалку погодоци во тековното коло останувате во трка за Генералниот пласман, каде што главната премија е Смарт ТВ 48 инчи.
Од оние кои досега прогнозираа, Челси го сметаат за голем фаворит во градскиот дуел против Арсенал, а најсигурни треба да бидат домашните победи на Бордо, Болоња и Рома. Проверете ја комплетната понуда од првото коло и веднаш прогнозирајте за да бидете во трка за вредните подароци кои се дел од секое коло.