Како што се ближи крајот на ЛОИ во Токио, така редот им доаѓа на најинтересните мечеви во екипните спортови, а рано утрово стартува четвртфиналната елиминациска фаза во кошарка за мажи.
Непоразената Словенија и секогаш незгодната Германија ќе го одиграат првиот меч од 3 часот по полноќ. Потоа од 6.40 часот следува спектаклот Шпанија – САД по кој ќе видиме кој фаворит за висок пласман ќе остане без медал. Италија ќе се обиде да ја изненади Франција, која досега ги совлада сите, дури и Американците. На крајот Австралија ќе се обиде да дојде до ново олимписко полуфинале како пред пет години, но од другата страна е олимпискиот порвак од 2004 година.
Според квотите во Sport Life, големи фаворити за место во полуфиналето се Словенија, САД, Франција и Австралија. Доколку мислите дека ќе има изненадување на некој од првите две четвртфиналиња или сакате да искористите некој хендикеп со погодување на разликата во конечниот резултат, тоа треба да го сторите уште вечерва.