Брзо ги заборави: За Меси, Барселона не е кандидат за освојување на Лигата на шампионите

Новата суперѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси, даде големо интервју за „Франс фудбал“ во кое ги откри своите фаворити за освојување на Лигата на шампионите, и за „Златната топка“ која ја доделува „Франс фудбал“.

„Освојувањето на ЛШ е желба на сите во ПСЖ. Клубот работеше на постигнувањето на таа цел во последните години и конечно е блиску. Лично јас, имам огромна желба да го освојам трофејот. Во ПСЖ ги имаме неопходните оружја за да триумфираме. Во центарот на вниманието е ПСЖ, но има и други добри тимови како Челзи, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн, Интер, Милан. Сите тие се фантастични тимови“ – рече Меси кој ја „заборави“ неговата Барса за која играше цела професионална кариера, до пролетоска.

Меси е еден од фаворитите за „Златната топка“, но тој лично би гласал за Мбапе и Нејмар.

„Тие се мои фаворити, иако Бензема и Левандовски истотака имаа одлична година. Не мислам дека јас сум фаворит, но ако наградата ја добијам јас, би било чудесно и ќе бидам среќен и благодарен, но не мислам на тоа сега. И со шест сум единствениот играч, ако освојам седма, би било неверојатно“ – додава Меси.

- Оглас -

Најнови вести