Борусија Дортмунд на свој терен е домаќин на Пари Сен Жермен во првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампиони. Милионерите од Дортмунд од „сенка“ покажаа дека имаат квалитет да бидат во Топ 4 во Европа, а сега сигурно нема да се предадат и против францускиот првак.
Домаќините ќе бидат во офанзивна формација со Фулкруг како најофанзивен, а Адејеми и Санчо ќе напаѓаат по страничните делови. Во средниот ред треба да доминираат искусните Сабицер, Брант и капитенот Емре Ѓан.
И ПСЖ не знае никако поинаку да игра освен напаѓачки, па формацијата 4-3-3 е повеќе од очекувана. Главни адути на Светците ќе бидат Мбапе и Дембеле.