Според полицијата, лицата кои го нападнаа и го ограбија Обамејанг се од Косово!

Четирите маскирани лица кои со употреба на насилство го ограбија Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалерот на Барселона, најверојатно се од Косово.

Според исказот на Оба и жена му, полицијата во Барселона објави дека напаѓачите зборувале италијански и дека најверојатно станува збор за членови на добро позната криминална банда која често прави вакви проблеми низ Шпанија.

Обамејанг и неговата сопруга биле и удрени по неколку пати, но немаат посериозни повреди. Биле и врзани, а украдени се работи во вредност од 300.000 евра. По случката, загрижениот Обамејанг и семејството се преселиле во хотел.

- Оглас -

Најнови вести