Проектирана ждрепка – Надал го чека пекол на Вимблдон, прво ќе игра со опасни сервери, па следат Алкарас, Беретини и Ѓоковиќ (Фото)

Рафаел Надал има пеколна ждрепка на Вимблдон и за да ја освои титулата мора да мине цела серија опасни ривали.

Шпанецот е рекордер со 22 гренслем круни, а на турнирот во Лондон има само две титули, последната пред 12 години.

Сега ако сака да ја освои третата ќе мора да игра против опасните сервери Иво Карловиќ, Ник Кирјос и Џон Иснер во првите три кола и ако успее да ги мине сите пречки почнува потешкиот дел од патот кон трофејот за шпанската фурија.

Во четвртото коло според проектираната ждрепка го чека незгодниот Хрват, Марин Чилиќ, а потоа би играл со неговиот сонародник Алкарас, а за крај во завршницата ривали би му биле двајцата лански финалисти Матео Беретини и Новак Ѓоковиќ, со кого може да игра само во финалето.

Ѓоковиќ ќе има полесен пат до евентуалното финале на турнирот во Лондон, што го освојуваше шест пати и е актуелен бранител на титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести